Дома Фудбал Италија Алегри најави промени пред утрешното дерби

Алегри најави промени пред утрешното дерби

Стратегот на Јувентус ќе ги промеша картите во некој од наредните натпревари.

Јувентус неочекувано изгуби од Јанг Бојс во Лигата на шампионите, но тоа не влијаеше пласманот на италијанскиот клуб во нокаут фазата.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Утре „старата дама“ ја очекува градското дерби против Торино, а Масимилијано Алегри на конференцијата откри кој би можел да игра, а кој ќе го пропушти овој натпревар.

Кансело има проблем со менискусот, тој ќе оди на операција, се уште не знаеме колку време ќе биде надвор од теренот. За Квардадо се уште не сме сигурно дали е потребна операција (рутинска) или не“.

„Наредниот натпревар носи многу емоции. Киелини ќе игра, а со него ќе биде еден од Бонучи и Ругани. Де Шиљо ќе биде десно, Алекс Сандро лево, тоа е сигурно. Пјаниќ ќе биде во средината, најверојатно со Чан. Кога во прашање е нападот, Манџукиќ е најсвеж, а со него веројатно ќе биде Даглас Коста“, изјави стратегот на Јувентус.

Алегри откри и дека во некој од наредните натпревари (Рома, Аталанта или Сампдорија) ќе го одмори Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Квартет засилувања од 150 милиони за Чаби Алонсо

По разочарувачката сезона без освоен трофеј во која дополнително Барселона зададе четири б…