Дома Фудбал Останато Алегри му кажа ДА на ПСЖ

Алегри му кажа ДА на ПСЖ

Поранешниот тренер на Милан и Јувентус, Масимилиано Алегри после една година одмор е спремен да му се врати на фудбалот.

Алегри минатото лето спогодбено го раскина договорот со Јувентус и одби многу побуди бидејќи сакаше да се одмори една година, но сега е спремен да се врати.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми тврдат дека веќе стигнала првата понуда на негова адреса, а таа била од Пари Сент Жермен.

Спортскиот директор Леонардо сака да го донесе Италијанецот во Париз бидејќи смета дека со него тимот ќе направи исчекор во Лигата на шампиони.

Последните информации се дека Алегри ја прифатил понудата и се чека ПСЖ да ја доигра сезоната во ЛШ, па Тухел ќе добие отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Последната снимка од Џошуа и неговиот пријател кој загина: Еве што правеа пред трагедијата (Видео)

Познатиот британски боксер Ентони Џошуа во понеделникот доживеа тешка сообраќајна несреќа …