Дома Фудбал Италија Алегри: Многу сум лут на Пјаниќ!

Алегри: Многу сум лут на Пјаниќ!

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри и покрај победата од 2:0 на гости кај Монако во полуфиналето од ЛШ тврди дека не е 100% задоволен.

„Добро почнавме, но играчите на Монако не ставаа во незгодни ситуации. Во првото полувреме не го држевме своето место, но се подобривме во продолжението. Алвеш остануваше напред со желба да направи нешто, но Барзаљи остануваше сам против двајца во одбрана. Меѓутоа, дадовме голови од контанапади, што е добра за нас“, тврди Алегри.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Тренерот на „старата дама“ потоа потенцираше дека е исклучително лут на Миралем Пјаниќ.

„Многу сум лут на Пјаниќ. Тој може да стане еден од тројцата најдобри играчи за врска на планетава, но од време на време кога ќе погреши некој пас се однесува како да е крај на светот. Мора да остане мирен, опуштен, бидејќи поседува огромен потенцијал кој го изразува само делимично“, заклучи италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бернардо Силва донесе одлука, го напушта Сити

Бернардо Силва ќе го напушти Манчестер Сити по истекот на договорот следното лето, а за не…