Дома Фудбал Италија Алегри: Имаме големи шанси да победиме и во финалето!

Алегри: Имаме големи шанси да победиме и во финалето!

Јувентус синоќа избори пласман во финалето од Лигата на шампиони, а тренерот Масимилиано Алегри не го криеше задоволството.

Алегри после победата на Монако изјави дека без разлика на противникот во финалето, неговиот тим има големи шанси да го освои престижниот трофеј.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Многу се радувам за момците, заслужено се пласиравме во финале. Од утре веќе треба да се фокусираме и да бидеме спремни за финалето. Нашата цел не е пласман во финалето, туку освојување на трофејот. Мислам дека оваа година имаме големи шанси да победиме во финалето“, истакна Алегри.

На прашањето дали е полесно да се игра против Реал во двомеч или на еден натпревар, Алегри одговори:

„Секако дека е потешко во два натпревари. Во еден натпревар одлучуваат детали и мислам дека имаме се што е потребно да го освоиме трофејот. Вистина е дека имаме шанси да освоиме тројна круна, но не очекува пеколен месец бидејќи сеуште не сме освоиле ништо“, заклучи италијанскиоѕ стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Револуција: Во Премиер лигата од наредната сезона ќе гледаме сосема поинакви ТВ преноси!

Во Премиер лигата од наредната сезона ќе гледаме ТВ преноси какви што досега немало. Споре…