Дома Фудбал Италија Алегри и Јувентус нема да се судат!

Алегри и Јувентус нема да се судат!

Иако се најавуваше таков расплет на настаните сепак, Алегри и Јувентус нема да одат на суд и двете страни постигнале договор за висината на оштетата.

Јувентус го отпушти Алегри по финалето во Купот на Италија и во медиумите прво се најавуваше дека Алегри ќе си го бара комплетниот износ од договорот, сепак тоа нема да се случи.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Постоеше можност судот да одлучува, меѓутоа двете страни се договорија.

Ваквата информација ја потврди Јувентус преку социјалните мрежи.

„Јувентус и Масимо Алегри соопштуваат дека со взаемна согласност е раскинат договорот на крајот од оваа сезона. Клубот му посакува на Алегри се најдобро во професионалната иднина исто така му благодари за резултатите кои ги имаше со тимот“, собјави италијанскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Винисиус го наруши молкот после дебаклот во Лондон

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за прв пат јавно проговори за вчерашниот тежок по…