Дома Фудбал Италија Алегри го откри тимот за кој смета дека ќе биде најголемиот ривал на Јуве оваа сезона во Италија

Алегри го откри тимот за кој смета дека ќе биде најголемиот ривал на Јуве оваа сезона во Италија

Масимилијано Алегри разговараше за италијанските медиуми за конкурентите за освојувањето на титулата во Серија А.

Иако Рома и Интер сезоната ја започнаа со цел да се обидат да го симнат Јуве од тронот, според досегашниот дел од шампионатот, на Јуве повторно ќе му биде главен ривал екипата на Наполи. Токму Јувентус и Наполи ќе се сретнат овој викенд, а пред натпреварот, според мислењето на Алегри, нема многу да влијае на борбата за Скудетото.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Нашите натпревари секогаш се комплицирани. Што и да се случи во сабота, уште многу натрпевари се играат после тој. Наполи е одличен тим, а Анчелоти внесе смиреност во нивната игра. Тие дефинитивно се нашиот најголем ривал за титулата“, изјави Алегри.

Натпреварот помеѓу Јувентус и Наполи се игра во сабота со почеток од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нејмар одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Бразилскиот фудбалер Нејмар постигна договор со Сантос за новиот договор и се очекува дека…