Јувентус вчера во рамките од 16. коло во Серија А одигра само 1:1 на гости кај Џенова.
Секако дека ова е кикс за „старата дама“ која важи за еден од главните кандидати за освојување на Скудетото.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Сепак и покрај губењето на двата важни бода, Масимилијано Алегри немаше замерки ниту за судијата, ниту за своите избраници.
„Не е лесно да се победи во Џенова. Судијата добро си ја заврши работата, никогаш немам навика да зборувам за судењето.
Задоволен сум од она што го видов на теренот, ни недостасуваше само подобра реализација. Моравме да постигнеме втор гол за 2:0, но за жал не успеавме и бевме казнети“, изјави Алегри.