Дома Фудбал Лига на шампиони Алегри во големи проблеми пред Челзи: Се повредија Дибала и Мората

Алегри во големи проблеми пред Челзи: Се повредија Дибала и Мората

Tимот на Јувентус поминува низ еден тежок период, а против Челзи оваа среда во Лигата на шампионите ќе го има можеби најтешкиот предизвик во сезоната.

Во овој натпревар Јувентус ќе влезе и тоа како ослабен. Паоло Дибала и Алваро Мората доживеаа повреди во вчерашниот натпревар против Сампдорија и сигурно ќе го пропуштат натпреварот во Лигата на шампионите.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Повредата на Дибала веројатно е потешка, веднаш почувствува дека му настрада мускулот, па во солзи го напушти теренот. Двајцата ќе поминат низ детални тестови пред да биде соопштено колку ќе отсуствуваат.

Се очекува против Челзи да ги заменат Кулушевски и Моис Кин, остатокот од екипата би требало да биде ист како во неделата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

На клупата на Реал тагува момче од 50 милиони, изразот на лицето кажува сѐ!

Ендрик пристигна во Реал Мадрид како тинејџер. Се зборуваше за него дека е новиот Роналдо …