Дома Фудбал Алармантна ситуација во Реал Мадрид: Четири ѕвезди јавно се жалат, Анчелоти во големи проблеми

Алармантна ситуација во Реал Мадрид: Четири ѕвезди јавно се жалат, Анчелоти во големи проблеми

Нови проблеми го зафатија Реал Мадрид за време на репрезентативната пауза, а причина се изјавите на некои играчи за време на престојот во своите репрезентации.

Имено, четворица фудбалери проговорија за ситуацијата во која се наоѓаат во својот клуб, а истакнаа дека не се задоволни од начинот на кој се однесува Карло Анчелоти.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Станува збор за Родриго, Лука Модриќ, Чоамени и Камавинга, пишуваат новинарите на Marcа.

Во својот текст новинарите на Марка наведуваат дека ѕвездите на Реал Мадрид се жалеле на позициите на кои ги користи Анчелоти, но и дека не се доволно важни во неговиот тим.

Еден дел од текстот е посветен и на Лука Модриќ, за кој се тврди дека е незадоволен од улогата што ја има во Реал Мадрид оваа сезона.

Модриќ во досегашниот дел од сезоната стартуваше од првата минута на само три од девет натпревари во домашниот шампионат.

„Сето ова е спротивно од статусот што го има во хрватската репрезентација за која одигра 180 минути во поразите од Турција и Велс.

Но, новинарите на Марка тврдат дека особено загрижува она што се случува со Родриго бидејќи тој не е задоволен од играњето на напаѓачката позиција.

Тој на единаесет одиграни натпревари успеа да постигне само еден гол, а во своите изјави истакна дека ужива играјќи во слободата што ја има во репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонски фудбалери го прогнозираа исходот на натпреварот со Велс – еве какви се нивните очекувања!

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра последниот натпревар од квалификации…