Дома Трансфер зона Ако Јувентус не побрза Савиќ може да заврши во Премиер лигата

Ако Јувентус не побрза Савиќ може да заврши во Премиер лигата

Српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ Савиќ и сезонава прикажува одлични настапи во дресот на Лацио, па сосема очекувано европските гиганти повторно покажуваат интерес за неговите услуги.

Долго време се шпекулира дека Јувентус е во пол-позиција за Савиќ, но денес пристигнуваат информации од Островот според кои Арсенал влегува во игра за неговиот потпис. Најавите се дека „топџиите“ се спремни да платат 60 милиони евра и во трансферот да го вклучат младиот, Алберт Самби Лонконга.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Договорот на Савиќ со Лацио во овој момент истекува во јуни 2024 година, Лацио сака да ја продолжи соработката и му нуди пет милиони евра по сезона, сепак јасно е дека ако се парите во прашање Арсенал може да понуди повеќе.

Оваа сезона Савиќ во Серија А има 11 натпревари, три гола и седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…