Дома Фудбал Репрезентации „Ако јас бев капитен во Скопје по свирежите ќе го напуштев и теренот и земјата“

„Ако јас бев капитен во Скопје по свирежите ќе го напуштев и теренот и земјата“

Поранешниот капитен на бугарската репрезентација, Христо Бонев во разговорт порталот „Спортал“ зборуваше за ситуацијата во натпреварот во кој Бугарија гостуваше во Скопје.

Македонските навивачи жестоко ја исвиркаа химната на Бугарија пред почетокот на натпреварот, а Бонев вели дека ако тој бил на теренот ќе го напуштел.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Во Скопје беше исвиркано нашето најсвет – химната! Ако јас на тој натпревар бев капитен, веднаш ќе го напуштев и теренот и земјата. За мене тоа е голема навреда која никогаш не би ја прифатил“, изјави Бонев.

Ќе потсетиме, натпреварот помеѓу Македонија и Бугарија заврши со победа на гостинската репрезентација од 0:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Аморим: Многу ми е жал за луѓето кои мораа да си тргнат од стадионот додека губевме 2:4

Во исклучително драматичен натпревар Јунајтед го исфрли Лион и помина во полуфиналето на Л…