Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО „Ако влезеше онаа шанса на Николов можеби се ќе беше поинаку“

„Ако влезеше онаа шанса на Николов можеби се ќе беше поинаку“

Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт

Како и што најавивме Гоце Седлоски е еден од нашите стручни аналитичари за Македонија на Европското првенство.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Седлоски денес ни опиша како тој го виде поразот на Македонија од Австрија со 3:1.

„Ова е големо натпреварување со силни репрезентации. Почнавме добро игравме супер, знаеме колку е силна Австрија, но и нашите играат во силни клубови. По голот кој го примивме по наша грешка паднавме психички, но брзо се вративме…Честитки до играчите добро се браневме за нијанса Австрија беше подобра, во тркачка смисла. Во второто полувреме малку се повлековме, измените кај нив можеби беа клучни. Добар, натпревар две добри репрезентации, пак ќе кажам за нијанса Австриј можеби а беше подобра. Имавме и ние шанси, ако влезеше онаа шанса на Николов се ќе беше поинаку“.

„Сега не чекаат два натпревари со исто така силни противници, но момците нека одиграат хррабро и со малку среќа мислам дека можеме да дојдеме до таа втора фаза.

Го пофали и голманот Столе Димитриевски.

„Столе мораме да го пофалиме одбрани неколку добри шанси, затоа е и поставен таму. Сите го дадоа максимумот. Нема зошто да жалиме, останува да се насочиме кон следните предизвици“, ни изјави Седлоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…