Постои веројатност легендарниот фудбалер на Челзи повторно да го гледаме во Премиер лигата.
Доколку Астон Вила го совлада Фулам во финалето од плеј-офот во сабота на „Вембли“, Џон Тери ќе добие продолжување на договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот дефанзивец ќе биде награден со нов едногодишен договор, што значи дека ќе го гледаме повторно во Премиер лигата наредната сезона.
Интересно е што во тој договор ќе постои клазула дека нема да биде во составот кога овој клуб ќе игра против Челзи.
Секако, за тоа да се случи прво Вила ќе мора да слави во натпреварот вреден 180 милиони фунти против екипата на Фулам.
Информацијата за наградата на поранешниот капитен на „сините“ ја пренесува реномираниот „Телеграф“, па не би требало да се сомневаме во вистинитоста.
John Terry is poised to sign a new 12-month deal if Aston Villa are promoted, the terms of which could include him missing games against Chelsea. (Source: Daily Telegraph) pic.twitter.com/A1BIeZEkB0
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 24, 2018