Се појасно станува дека тимот на ПСЖ на крајот од сезоната ќе го промени тренерот.
Унаи Емери сезоната во Франција би можел да ја заврши со три трофеи, но тоа нема да му обезбеди опстанок на клупата на ПСЖ бидејќи изостана успехот во Лигата на шампионите која е главна цел на управата на тимот од Париз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според голем број медиуми прва желба на Пари Сен Жермен е тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, но доколку Италијанецот одлучи да остане во Торино, Французиите ќе се свртат кон тројца Португалци.
Како што пренесува „Марка“, три нови имиња се појавија на листата желби на „светците“, а во прашање се тренерот на Шахтјор, Пауло Фонсека, поранешениот тренер на Порто, Челзи и Тотенхем Андре Виљаш Боаш, како и актуелниот тренер на Порто Сержо Консесисао.
Фонсека забележува одлични резултати со Шахтјор оваа сезона, малку недостасуваше да избори и пласман помеѓу најдобрите осум во Лигата на шампионите.
Кога во прашање е Виљаш Боаш тој одлучи да му се посвети на автомобилизмот, па после епизодата во Кина возеше на релито Дакар, но баш и не се прослави. Нема сомневање дека евентуална понуда од ПСЖ би го натерала да размисли за враќање во фудбалот.
Консесиао минатата сезона го препороди француски Нант, по што доби повик од Порто каде што оваа сезона забележува одлични резултати и се лидери на табелата во португалското првенство.