Дома Фудбал Останато Акo Челзи стане Европски шампион медал ќе добие и играч кој не игра во Лондон

Акo Челзи стане Европски шампион медал ќе добие и играч кој не игра во Лондон

Челзи после девет години повторно ќе игра финале во Лигата на шампионите, овој пат нивни противник ќе биде Манчестер Сити.

За „сините“ во финалето ќе навива и Фикајо Томори кој во зимскиот преоден рок се пресели на шестмесечна позајмица во Милан.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Иако игра далеку од Лондон и оваа сезона нема ниту еден настап во Лигата на шампионите 23 годишниот дефанзивец би можел да добие медал ако Челзи стане Европски шампион.

Имено, во групната фаза Томори беше во записникот кога играл Челзи на сите шест натпревари, меѓутоа тогашниот тренер Френк Лампард не му даде прилика за игра во ниту еден од дуелите со Краснодар, Рен и Севиља.

Откако Томори пристигна во Серија А редовно игра за Милан и до сега собра 13 натпревари во Серија А и четири во Лигата на Европа, а како што стојат работите на крајот од сезоната ќе се врати во Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти уверен во успехот на Италијаните: Имаат 95 проценти шанса да одат на Светското и ги чека лесна група

Карло Анчелоти, еден од најславните италијански тренери, смета дека Азурите лесно ќе се сп…