Офанзивниот играч за врска на Белгија Еден Азар, кој неодамна се повлече од играњето на 32-годишна возраст, одби голема понуда да излезе од пензија.
Тој одбил 1,1 милион евра неделно или околу 52 милиони евра годишно за да потпише договор со клуб од Саудиска Арабија.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Азар, поранешен белгиски репрезентативец, доби три понуди од Саудиска Арабија, односно од тамошни клубови.
Ова го тврди неговиот поранешен соиграч Џон Оби Микел. Тој вели дека Азар му го потврдил тоа и рекол дека нема да прифати богатства да се врати од пензија.
“Микел знаеш дека имам многу пари. Знаеш и како живеам, не трошам многу. Имам доволно да живеам со моето семејство и да ги одгледувам моите деца”, бил одговорот што Азар го дал на Микел на прашањето дали тој би ја прифатил понудата.
Азар се пензионираше како икона на Челзи и најголем неуспех во историјата на Реал Мадрид, кој го донесе летото 2019 година за 115 милиони евра.
Спротивно на очекувањата, Азар за Реал одигра само 76 натпревари поради низата повреди и лошата форма и постигна само седум гола и запиша 12 асистенции. За споредба, тој постигна 110 гола со 92 асистенции на 352 настапи за Челзи.