Денес и утре на програмата се натпревари од второто коло во Лигата на шампионите, во пресметките кои ќе се играат утре Динамо Загреб ќе му гостува на Милан на „Сан Сиро“.
Овој натпревар ќе биде посебен за македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Аријан Адеми за кого дуелот со „росонерите“ ќе биде 100. европски натпревар во дресот на Динамо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот европски натпревар за Динамо Адеми го одигра во сезоната 2010/2011, а противник беше Шериф Тираспол во квалификациите за ЛШ. Таа средба заврши без победник 1:1.
Динамо во натпреварот против Милан влегува оптимистички и во добра атмосфера со оглед на победата против Челзи минатото коло на „Максимир“ (1:0). Досега Динамо и Милан одиграле два натпревари и во двата славел италијанскиот гигант.