Дома Фудбал Адвокат бара истрага за смртта на Марадона

Адвокат бара истрага за смртта на Марадона

Адвокатот на Марадона, Матијас Морла, побара истрага за смртта на легендарниот фудбалер.

Марадона вчера почина со последица од срцев удар, а Морла тврди дека имало пропусти и необјасливи случувања пред смртта.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Денес е ден за длабока тага. Изгубив пријател со кој бев заедно до последниот момент.“ – рече Морла и најави:

„Според она што го кажа тужителот во Сан Исидро, необјасливо е како Диего немал лекарски надзор дури 12 часа. На брзата помош и било потребно повеќе од половина час да пристигне. Ова е идиотско злосторство, некои работи не може да останат незабележани и барам истрага. Диего ми велеше дека сум негов војник без милост.“ – порача неговиот адвокат.

Останува да видиме што ќе се случи во овој случај, но нема дилема дека адвокатот ќе ја оствари својата желба за истрага.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах испиша историја: Ова не му успеало на ниту еден друг фудбалер во Премиер лигата!

Англискиот фудбал ги дозна имињата на најдобрите од минатата сезона на синоќешната ПФА цер…