Зимскиот преоден рок е во тек, а шпекулации има се повеќе.
Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул е заинтересиран за играчот на Волвс, Адама Траоре.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Траоре е голема желба на актуелниот англиски првак, а медиумите пренесуваат дека неговиот тим за евентуален трансфер бара обештетување од 100 милиони евра.
Дали Ливерпул е подготвен да го плати тој износ останува да видиме.
Неодамна се пишуваше дека еден од најбрзите и најсилните фудбалери во Англија кариерата ќе ја продолжи во Лидс, но од тоа веројатно нема да има ништо.