Дома Фудбал Англија Адама Траоре е една од желбите на Томас Тухел

Адама Траоре е една од желбите на Томас Тухел

Тренерот на Челси, Томас Тухел ќе направи неколку промени во клубот во текот на летниот преоден рок.

Германскиот стручњак успеа да ја освои ЛШ со екипата која не е негова селекција и која ја наследи од Лампард, а ова лето ќе направи одредени промени.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Британски Телеграф пренесува дека едно од засилувањата на Томас Тухел може да биде и шпанскиот фудбалер Адама Траоре.

Траоре се најде на листата за засилувања која гермаскиот стручњак ја предал на раководството и лесно може да се случи Шпанецот да заврши на Стемфорд Бриџ.

Тухел во Адама гледа човек кој би можел да ја покрива десната страна во формација 3-5-2 и би бил конкуренција на Рис Џејмс.

Челси наското треба да ги започне преговорите со Волвс за негов трансфер, а за 25-годишниот играч е потребно да се издвои 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Италија е потресена од скандал, се споменуваат и поткупувања за повици во репрезентацијата!

Третиот последователен неуспех да се обезбеди место на Светското првенство дополнително го…