Дома Фудбал Англија Агуеро е во многу полоша состојба отколку што се претпоставуваше – Колку ќе паузира!?

Агуеро е во многу полоша состојба отколку што се претпоставуваше – Колку ќе паузира!?

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, изгледа е многу полошо отколку што претпоставуваше.

Аргентинецот, Кун Агуеро, минатата недела доживеа собраќајна незгода при враќањето со такси од концертот во Амстердам, таксистот на патот кон аеродромот изгубил контрола над возилото и удрил директно во бандерата.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Првите информации говореа дека Агуеро не заработил сериозни повреди и дека ќе паузира околу четири недели, но последната изјава од докторот на репрезентацијата на Аргентина не носи добри вести за „граѓаните“.

„Тој е во многу лоша состојба и расположение, бидејќи сака да игра и да и помогне на репрезентацијата. Меѓутоа Кун не може ниту да се движи низ својот дом, не е во состојба да отиде до својот автомобил. Според она што можев да ги видам тој е во исклучително лоша состојба“, изјави аргентинскиот доктор.

За сега е сигурно дека Агуеро ќе ги пропушти клучните натпревари на Аргентина на патот кон Мундијалот како и натпреварите на Манчесте Сити против Стоук, Барнли, ВБА и Арсенал во Премиер лигата и двомечоти против Наполи во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Раниери донел конечна одлука: Рома ќе бара нов тренер!

Тренерот на Рома, 73-годишниот Клаудио Раниери, по неделното реми 1:1 против Јувентус повт…