Познатиoт агент, Мендеш во јануари би можел да заврши уште една добра работа за Јувентус.
Човекот кој стана познат ширум светот како агент на Роналдо работи и на голем број други фудбалери меѓу кои и младиот играч за врска, Рубен Невес. Овој 21-годишен фудбалер игра одлично во дресот на Вулверхемптон. Одличните настапи го привлекоа вниманието на Јувентус кој Невес би го довел со задоволство во своите редови уште во јануари.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Мендеш наводно веќе е контактиран. „Бјанконерите“ ќе се обидат да го доведат овој талентиран Португалец кој од доаѓањето во Вулверхемптон минатата година одигра 54 натпревари и постигна шест гола. Невес пред Вулверхемптон го носеше дресот на Порто каде што ги помина сите младински категории.