Агентот на ѕвездата на Наполи, Жоржињо – Жоао Сантос, потврди дека преговара со Манчестер Сити за трансфер на неговиот клиент.
Медиумите веќе објавија дека „граѓаните“ се подготвени да платат 50 милиони евра за 26-годишниот плејмејкер и италијански репрезентативец.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
„Во моментов Жоржињо останува играч на Наполи, тој не потпишал ништо со ниту еден друг клуб. Наполи и Манчестер Сити продолжуваат да разговараат за можноста за евентуален трансфер. Ќе видиме што ќе се случи во иднина“, изјави Сантос за италијанските медиуми.
Жоржињо игра во Наполи од 2014 година. Минатата сезона тој запиша 32 натпревари во Серија А, во кои постигна два гола.