Агентот на Антоан Гризман и негова сестра Мод веќе остварила контакт со неколку англиски клубови за евентуален трансфер на Французинот, пренесуваат медиумите на Островот.
Преговорите околку евентуалната трампа со Саул Нигез пропаднаа, Гризман нема да се врати во Атлетико, а Барселона сака ова лето да се ослободи од Французинот.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Во моментов најверојатна дестинација за 30-годишниот напаѓач е Премиер лигата, каде интерес за него покажуваат Челзи и Манчестер Сити.
Неговиот агент веќе имал средба со двата клуба за да се видат можностите за негов трансфер во Лондон или Манчестер, но проблем е што Французинот е резервна опција за двата клуба.