Дома Трансфер зона Агентот ги подгреа гласините, заминува ли напаѓачот од „Олд Трафорд?

Агентот ги подгреа гласините, заминува ли напаѓачот од „Олд Трафорд?

Фановите на Манчестер Јунајтед според сегашната ситуација ги очекуваат големи возбудувања во текот на летото.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал би можел да го напушти Манчестер Јунајтед поради наводно лошите односи со Жозе Мурињо.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Марсијал наводно има проблем со дисциплината, често се противи на одлуките на Португалецот кој во последно време се повеќе му верува на Маркус Рашфрод.

Полека станува јасно дека за Фрацузинот нема место во првиот тим, а тој смета дека се докажал и не сака да биде на клупата.

Агентот на Марсијал во изјавата за медиумите не ја отфрли можноста неговиот клиент да го напушти „Олд Трафорд“.

„Дали Марсијал ќе остане во Манчестер Јунајтед наредното лето? Во овој момент не можам ништо да ви кажам на таа тема. Негова цел е да му помогне на клубот да стигне до трофеј во ФА Купот и второто место на табелата во Премиер лигата“, изјави Фелипе Ламболи.

Да потсетиме, неодамна се шпекулираше дека италијански Јувентус би можел да плати 65 милиони евра за одличниот Французин.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…