Дома Фудбал Англија Автогол на Обамејанг, глупост на Џака – Арсенал никогаш полош! 🎥

Автогол на Обамејанг, глупост на Џака – Арсенал никогаш полош! 🎥

Aрсенал во 12. коло од Премиер лигата запиша пораз на „Емирати“ од Барнли со резултат 0:1.

„Топџиите“ повторно на противникот му ја поклонија победата. Автогол си постигна Пјер Емерик Обамејанг, а навивачите на лондонскиот клуб се бесни поради непромислениот потег на Гранит Џака.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Изгледаше добро тимот на Артета во првото полувреме. Напаѓааа, имаа неколку одлични обиди, но Барнли се одбрани и на полувреме замина со 0:0.

Тргнаа домаќините офанзивно во продолжение од натпреварот и доминираа се до глупоста на Џака. Швајцарецот почна да го дави играчот на Барнли, Ешли Вествуд на само еден метар од главниот судија. После гледањето на ВАР Џака заслужено беше испратен во соблекувалната.

Барнли потоа успеа да се ослободи од притисокот и успеа во 73. минута да дојде до гол. После еден корнер сопствената мрежа ја погоди Обамејанг. До крајот на мечот Арсенал не успеа да дојде ниту до бод.

Со овој пораз Арсенал после ова коло се наоѓа на катастрофалното 15. место на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалер на Манчестер јунајтед заминал од „Олд Трафорд“ на полувремето со Лион

Во вистинска фудбалска драма, Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во полуфиналето на Лига …