Дома Фудбал Репрезентации Австрија без најголемата ѕвезда против Македонија

Австрија без најголемата ѕвезда против Македонија

Македонската фудбалска репрезентација утре игра уште еден квалификациски дуел, овојпат против репрезентација на Австрија.

Нашиот национален тим ќе се обиде да се рехабилитира од поразот против Полска и да оствари позитивен резултат против Австрија.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Добра вест за нас е што, Австрија во Скопје ќе допатува без својата најголема ѕвезда Давид Алаба.

Алаба го повреди бутниот мускул на дуелот со Словенија и веднаш го напуштил тренинг кампот. Според најавите селекторот Франко Фода во Скопје ќе може да смета на 22 фудбалери.

Освен Алаба неизвесен е и Мартин Хинтенегер, додека нашиот селектор Игор Ангеловски нема да може да смета на Висар Муслиу кој заработи исклучување на мечот против Полска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Роналдо од Трамп добил специјален подарок кој го добиваат само посебни гости

При неговата посета на Белата куќа во вторник, Кристијано Роналдо доби редок подарок ̵…