Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за напаѓачот на Рома, Таму Абрахам.
Приоритет на Тен Хаг следното лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а Абрахам е на списокот на „црвените ѓаволи“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прв избор е Виктор Осимен од Наполи, но италијанскиот клуб не сака да го пушти за помалку од 140 милиони евра, па тој трансфер е тежок за реализација.
Поради тоа Јунајтед ќе се насочи кон Абрахам, кој игра одлично во дресот на Рома, а кариерата ја започна во Челзи.
Абрахам важи за еден од најголемите англиски таленти, но не доби шанса на „Стенфорд Бриџ“, па сега е спремен да се врати во Премиер лигата во дресот на големиот ривал.