Англиските медиуми денес пренесуваат дека лондонскиот фудбалски клуб Челзи, кој е во сопственост на Роман Абрамович, се наоѓа на продажба.
Како што пренесува „Сан“, сопственикот на Челзи, Роман Абрамович ја ангажирал банката од САД, Рејн Груп да направи проценка на Челзи и се подготвува за продажба на клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Весникот тврди дека Абрамович е подготвен да го продаде Челзи, откако го реши проблемот со властите во врска со проблемите со визата и неговиот статус.
Наводно Русинот за својот клуб одредил сума од две милијарди фунти, што ќе биде апсолутен рекорд кога станува збор за продажба на фудбалски клубови.
Абрамовиќ го купи Челзи во 2003 година за 160 милиони евра и за 15 години во клубот вложи 1,14 милијарди евра.