
Во последниот натпревар од четвртото коло на шпанската Ла Лига, фудбалерите на Барселона, актуелните шампиони, ги победија како домаќини Валенсија со убедливи 6:0. Барселона ја забележа третата победа во сезоната и е втора на табелата, со два бода помалку од совршениот мадридски Реал.
Во првото полувреме Валенсија одолеа на нападите и прими само еден гол, стрелец беше Фермин Лопез во 29. минута. Се отвори во продолжение во кое Барселона постигна уште пет гола. Убаво ги поделија головите Фермин Лопез, Рафиња и Левандовски. Секој од нив постигна по два гола за лесната и висока победа на Барселона.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Барселона го играше вчерашниот натпревар на стадионот Јохан Кројф, клупскиот тренинг стадион, бидејќи Спотифај Камп Ноу сè уште нема потребни дозволи и безбедносно-оперативни лиценци, а Монжуик беше недостапен поради концерт, па лигата исклучително одобри помал стадион од 6000 места со привремени технички надградби како ВАР и оптичка инфраструктура.
По натпреварот се случи необична сцена. На крајот од натпреварот играчите кои ги води Ханси Флик го напуштија стадионот без туширање и преслекување во соблекувалната, одлучувајќи тоа да го направат во Cиутат Eспортиви, тренинг центарот на Барселона. До таму се пренесоа со клупскиот минибус, пишува Марка.
Ситуацијата доведе до необичен призор: возилото немаше доволно место за одеднаш да ја пренесе целата екипа, па некои играчи, меѓу кои и Роберт Левандовски, мораа да чекаат – изненадени и малку во неверување поради таквите околности.
Our players left the Johan Cruyff stadium, without showering and without even changing, they decided to leave on a bus and to do so at Ciutat Esportiva!!
— ᴘɢ² (@angrygavi) September 14, 2025
They didn’t even all fit on the bus! They left Lewy & Fermín behind😭😭😭😭pic.twitter.com/3P4I7uZrIb