Дома Фудбал Ѕвезда на Реал направи грешка и срамно шеташе на теренот додека Барселона постигнува гол (Видео)

Ѕвезда на Реал направи грешка и срамно шеташе на теренот додека Барселона постигнува гол (Видео)

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем, практично само стоеше на теренот во моменти кога Барселона организираше напад за гол.

Барселона во фантастичен дуел го победи Реал Мадрид по продолженија со резултат 3:2.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Водечкиот гол за Каталонците го постигна Педри во 28. минута, по грешка на Белингем и реакција за која се зборува.

Англичанецот направи грешка во додавање кон Винисиус кој истрчуваше зад одбраната на Барселона, а потоа се фати за глава.

Наместо веднаш да тргне кон Педри на кој му пристигна топката, Белингем само стоеше неколку секунди, а кога младиот Шпанец испрати долга топка и самиот тргна напред, Англичанецот лесно шеташе кон својот гол.

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сантос се соочи со катастрофа: Нејмар во солзи, тренерот отпуштен

Сантос синоќа претрпе тежок пораз од Васко да Гама со 0:6 на домашната арена Моруми во рам…