Дома Фудбал Ѕвезда на Барселона го понижи Реал Мадрид, па доби жестоки критики

Ѕвезда на Барселона го понижи Реал Мадрид, па доби жестоки критики

Фудбалерот на Барселона, Марк Касадо, се најде на жестока мета на критики минатиот месец поради тоа што го направи пред финалето на Купот на кралот против Реал Мадрид, а сега покажа дека воопшто не се кае за тоа.

Касадо го пропушти поголемиот дел од вториот дел од сезоната поради повреда на коленото која ја доби, и не беше во составот во клучните натпревари.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Поради тоа, овој играч од средниот ред го пропушти и финалето на Купот на кралот кое се одигра пред месец дена во Севилја и во кое Барселона по пресврт и продолженија успеа да победи со 3:2.

По финалето, главна тема беше токму Касадо иако не играл и натпреварот го гледал од трибините. Сепак, на јавноста не ѝ избега она што младиот играч од средниот ред на Барселона го правеше пред самиот почеток на натпреварот.

На социјалните мрежи беше објавено видео во кое се гледа како Касадо заедно со навивачите на Барселона ја исвиркува химната на Реал Мадрид.

„Ништо немаше. Сè се гледа јасно на снимката, тука нема ништо”, рече Касадо.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал ја „краде“ големата желба на Арсенал

Реал Мадрид реши да се вклучи во трката за потписот на Мартин Зубименди, играчот од средни…