Дома Фудбал Ѕвезда на Барселона доби повик од Енрике, веднаш следеше одговор

Ѕвезда на Барселона доби повик од Енрике, веднаш следеше одговор

Луис Енрике сега е во центарот на вниманието поради историската победа во финалето на Лигата на шампионите, а една ѕвезда на Барселона се осврна на шпанскиот тренер.

Под тренерското водство на Луис Енрике, ПСЖ направи голем успех и за првпат во својата историја ја освои Лигата на шампионите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во финалето остварија победа со резултат 5:0 против Интер од Милано, што претставува најголема победа во финала на Лигата на шампионите досега.

Почетокот на следната сезона е многу блиску, бидејќи Парижаните веќе за 11 дена играат натпревар против Атлетико Мадрид на Светското клупско првенство.

Енрике и Гави имаат феноменален однос уште од времето кога беа заедно во шпанската репрезентација, а наводно Енрике лично го повикал Гави да дојде во ПСЖ.

„Луѓето можат да веруваат во приказни, но тоа нема да се случи. Спокоен сум тука. Мојот сон и амбиција е да останам целата кариера во Барселона, тоа е клубот на мојот живот. Ќе направам сѐ што можам за да останам тука”, изјавил дваесетгодишникот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато име се враќа во трката за Душан Влаховиќ

Барселона важи за главен фаворит кога станува збор за потписот на Душан Влаховиќ, но не мо…