
На крајот од третиот сет во дуелот помеѓу Карлос Алкарас и Александар Зверев се случи ситуација која можеше да го преобрати целосно ова полуфинале на Австралијан опен.
Шпанецот, имено, водеше со 2:0 во сетови и имаше 5:4 во третиот, кога почувствува болка поради која побара медицински тајм-аут.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Зверев поради тоа ја нападна главната судијка на овој меч, Србинката Маријана Вељовиќ, обвинувајќи ја зошто не го започнала тајмерот за мерење на дозволената пауза.
“Зошто не го започна тајмерот? Во прашање се грчеви, зошто не почне времето?”, викаше Саша на Маријана, а таа се обиде да се одбрани:
„Не можам да знам дали станува збор за грчеви или повреда”.
Германецот имаше „објаснување“ за нејзината одлука.
„Цело време ги штитите овие двајца“, рече мислејќи на Алкарас и Јаник Синер.
.Александар Зверев: „Ова е бесмислено. Карлос Алкарас не може да земе МТО за грчеви. Тој не е повреден.“pic.twitter.com/D3vPc2PtZg
— Дани (@DjokovicFan_) 30 јануари 2026