Дома Фудбал Зошто Вест Хем го отпушти Потер на така понижувачки начин?

Зошто Вест Хем го отпушти Потер на така понижувачки начин?

Фудбалскиот клуб Вест Хем денеска реши да го ослободи од должност досегашниот тренер Грејем Потер.

Само шест победи во 25 натпревари кои ги водеше, со лош почеток на сезоната, доведоа до отказ кој можеше да се предвиди. Сепак, никој не очекуваше дека ќе се случи токму денес, особено откако Грем Потер вчера нормално учествуваше на прес-конференцијата, најавувајќи го натпреварот со Евертон во понеделник.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Дури беше и насмеан поради еден интернет мем кој кружи, каде што неговото лице е вметнато на други тела. Нешто што станува тренд…

Говореше и на таа тема, но секако и за самиот натпревар.

“Сметам дека мора да прифатите дека разликите на највисоко ниво се многу мали. Не можете да чекате некој друг да ви го реши проблемот, туку мора да работите и да се движите напред. Ќе се обидеме да ја смениме таа динамика и со нетрпение очекуваме промена”, рече вчера рано попладне.

Не тој, туку веројатно Нуно Еспирито Санто ќе ја менува таа динамика. Но, одлуката на клубот е зачудувачка и не изгледа професионално, без разлика на досегашниот учинок. Впечатокот е дека е и по малку понижувачка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Победата на Манчестер Сити против Ливерпул е јасна порака? Секако, вели Халанд

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, ја опиша драматичната победа на “Граѓани…