Дома Фудбал Зошто никој не го сака Рафа Бенитез?

Зошто никој не го сака Рафа Бенитез?

Шпанскиот тренер Рафаел Бенитез сѐ уште сака да се натпреварува на највисоко ниво, но понуди досега нема.

Верувале или не, откако доби отказ во март минатата година, Бенитез е без клуб.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Тој ја презеде Селта летото 2023 година, претходно кратко беше на чело на Евертон од јули 2021 до јануари 2022.

“Луѓето ме прашуваат дали уште сакам да бидам тренер? Секако дека сакам, посебно во Англија или некаде во Европа. Не сакам луѓето да мислат дека сум завршил со кариерата. Сѐ уште се развивам како тренер”, рече Бенитез.

За оние кои заборавиле, Бенитез најголемите успеси ги постигна на клупите на Валенсија и Ливерпул, подоцна го водеше Интер, Челси, Наполи, Реал Мадрид, Њукасл, кратко во кинескиот Далијен, а потоа дојдоа спомнатите Евертон и Селта.

Кога ќе добие Бенитез нова работа и во која лига?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тудор го искритикува судијата, Италијанците тврдат дека реакцијата на Комитетот за судии ќе биде жестока!

Како што тврдат новинарите на Gazzetta dello Sport, судиските шефови во Италија не се вооп…