Зинедин Зидан призна дека и е подготвен да му се врати на фудбалот и дека паузата траела доволно долго.
51-годишната легенда одмара веќе три години откако ја напушти тренерската функција во Реал Мадрид.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Иако се поврзуваше со многу тренерски места, сепак Французинот не прифати ниту една понуда.
Сега повторно се поврзува со враќање на клупата на Реал Мадрид, каде би имал трет мандат.
Реал бара замена за Карло Анчелоти и доколку не успее да се договори со Чаби Алонсо, повторно ќе се насочи кон Зидан.