
Сѐ погласно се зборува за враќањето на Зинедин Зидан во тренерската професија. Иако неговото име не беше премногу споменувано за време на летниот трансфер период, изгледа дека легендарниот Французин има јасен план, го чека преземањето на клупата на француската репрезентација, пишува Defensa Central.
Дека клупата на „Триколорите“ е неговата голема желба, потврди и самиот Зидан во неодамнешна изјава.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
„Постојат тренер на чело, постои тим, и сето тоа треба да се почитува, и тоа е она што го правиме. Секогаш сум го почитувал фудбалот и луѓето, така што ова не е вистинскиот момент. Но, кога ќе дојде времето, ќе ми биде големо задоволство ако се укаже можност. Својата кариера ја ставив на пауза за некое време, но се чувствувам целосно како тренер“, порача Зидан.
Целата приказна дополнително ја потврди Жилбер Бризбуа, водител на емисијата After Foot на RMC, кој тврди дека доаѓањето на Зидан на клупата на Франција по Светското првенство е готова работа. „Дидие Дешан си оди 2026. За една година ќе го имаме Зидан! Каква радост! Готово е, одлучено е“, изјави познатиот француски новинар.
ФОТО: Принтскрин