Дома Фудбал Жоан Лапорта ги охрабри фудбалерите по поразот во “Ел Класико”

Жоан Лапорта ги охрабри фудбалерите по поразот во “Ел Класико”

Претседателот на Барселона Жоан Лапорта ги охрабри фудбалерите на шпанскиот шампион по поразот од 1:2 против Реал Мадрид на првото Ел Класико за сезоната.

По дербито, предноста во полза на “белите” на врвот на табелата стана 5 поени. Весникот “Марка” пишува дека Лапорта ја посетил тренинг базата на Каталонците и одржал краток охрабрувачки говор пред играчите. На овој начин претседателот на “блаугранас” ја покажал својата поддршка за тимот, признавајќи дека поразот од Реал Мадрид може да има влијание врз односите во соблекувалната.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Жоан Лапорта истакна дека има целосна доверба во играчите и главниот тренер Ханзи Флик. Раководителот верува дека Барселона е способна да се избори за конечен успех во сите натпревари во сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Миовски го доби најбрзиот жолт картон сезонава во Шкотска! (Видео)

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски поплднево во натпреварот против Селтик го доби најбрзио…