
Групната фаза на Лигата на шампионите донесе невидена драма и до последната секунда не знаевме кој ќе продолжи понатаму. На крај, Бенфика на најлуд можен начин, со голот на својот голман Андреј Трубин во 98. минута против Реал Мадрид за 4:2, сепак успеа да ја подобри својата гол-разлика и да заврши над цртата, додека истовремено “кралскиот клуб” испадна од најдобрите осум.
Тоа значи дека Реал Мадрид, како и „останалите смртници”, ќе мора да одигра една рунда повеќе во Лигата на шампионите и ќе се најде на ждрепка за шеснаесетфиналето, или како што тоа УЕФА го нарекува – бараж за осминафиналето.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Во петок во Нион од 12 часот ќе се одржи ждребката за баражот за осминафиналето на Лигата на шампионите на која ќе можеме да ги видиме имињата на тимовите кои групната фаза ја завршија од деветтото до 24. место.
