Дома Фудбал „Земјотрес“ во Турција: Членови на дисциплинска комисија подготвувале одмазда за Мурињо!

„Земјотрес“ во Турција: Членови на дисциплинска комисија подготвувале одмазда за Мурињо!

Турскиот фудбал е во центарот на огромен скандал, откако во јавноста протекоа приватни пораки разменети преку апликацијата WhatsApp, во кои членови на Професионалната фудбалска дисциплинска комисија се гледаат како дискутураат за можни санкции против Фенербахче и Жозе Мурињо.

Во пораките што станаа достапни за јавноста, се споменува наводен план за „одмазда“ кон португалскиот стратег во текот на претстојната сезона. Ова откритие предизвика бурни реакции и доведе до масовни оставки – претседателот на комисијата, заедно со неколку други членови, поднесе оставка под притисок од јавноста и медиумите.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Мурињо, кој неодамна беше именуван за нов тренер на Фенербахче, веќе имаше критички настапи против турската фудбалска федерација и судиските одлуки во лигата. Тој гласно ги обвини институциите за неправедно судење и пристрасност, што, според многумина, го постави контекстот за целата ситуација.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клуб без вој град стана сензација во ЛШ: Зад успехот стои еден човек!

Во првите две кола од Лигата на шампионите само шест тима успеаја да соберат максимални ше…