
Медиумите шпекулираат дека Хапоел Тел Авив е подготвен да испрати понуда до Расел Вестбрук и да го направи најплатениот играч во Евролигата досега.
Буџетот на Хапоел минатата година беше дуплиран за да освојат Еврокупот, 20 милиони евра, сега може да порасне на 40, со што би се израмнил на пример со Реал.
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Вестбрук моментално има операција на раката која на никого не му ја најавил, се зборува дека ќе го напушти Денвер, тренерот Аделман сака шутери и побавна игра, наводно Вестбрук никако не се вклопува, а нема многу што би се рекло, ни донесено на Денвер минатата сезона.
Заработува малку повеќе од три милиони евра по сезона, секако дека би добил минимум двојно пари во Евролигата, прашање е само за неговиот мотив.
Фoтo: Принтскрин