Дома Фудбал „Земјотрес“ во Каталонија: Нови вести за Роберт Левандовски!

„Земјотрес“ во Каталонија: Нови вести за Роберт Левандовски!

Барселона е подготвена да го задржи Роберт Левандовски уште една година!

Доверливи каталонски медиуми денес открија дека во Барселона одлучиле да му понудат на Левандовски нова понуда.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Барса му нуди на Левандовски договор на уште една година, но под услов да прифати намалена минутажа, односно да биде план Б, како и да се согласи на намалување на платата за најмалку 50%.

Левандовски е моментално најплатен во тимот, па согласно улогата во новата сезона, во клубот очекуваат да се согласи на значително намалување на платата. Не треба да се заборави дека Левандовски го претставува Пини Захави, кој е во одлични односи со Џоан Лапорта и токму тоа може да биде и клучен фактор во преговорите.

Според претходните најави, Левандовски тоа и го посакуваше, бидејќи со семејството ужива во Барселона и би сакал да остане на „Камп Ноу“ до крајот на кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Диего Коста: Конте во Челси никој не го сакаше

Диего Коста зборуваше за своите искуства со поранешниот менаџер на Челси, Антонио Конте, п…