Дома Фудбал „Земјотрес“ во редовите на турскиот шампион: Нека ме остават на мир, никогаш не сум видел полош тренер!

„Земјотрес“ во редовите на турскиот шампион: Нека ме остават на мир, никогаш не сум видел полош тренер!

Турскиот клуб Галатасарај би можел да остане без играчот околу чие доаѓање сите навивачи беа во еуфорија. Хаким Зијеш сака да го напушти шампионот, а информацијата ја пренесоа турските медиуми.

Овој 31-годишен Мароканец летото 2023 година пристигна на позајмица во турскиот клуб.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Минатата сезона во дресот на турскиот великан одигра 23 натпревари, постигна осум голови и направи пет асистенции.

Покрај тоа, со Галатасарај освои Суперкуп на Турција и првенството. Сепак, во последните месеци, Зијеш падна во втор план. Добил 320 минути во 11 натпревари и направил само една асистенција.

Турскиот новинар Халук Јурекли тврди дека Зијеш е незадоволен и сака да го напушти клубот во јануари.

„Галатасарај за мене е завршена приказна. Веќе не сакам да играм овде. Заминувам во јануари. Никогаш не сум видел волку лош тренер. Сакам сите да ме остават на мир. Жалам што дојдов овде”, кажал Зијеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Податок за „верувале или не“: Ѕвездата на Манчестер сити од 117 милиони евра во 2024 година не постигна гол!

Популарниот англиски репрезентативец Џек Грилиш заврши неверојатно лоша 2024 година во кој…