Фудбалерите на Ливерпул продолжуваат да рушат сè пред себе и во 2025 година ќе влезат како лидери на Премиер лигата со минимум седум бодови предност во однос на второпласираниот тим.
Синоќа ги декласираа Вест Хем со резултат 5-0 во Лондон и уште еднаш покажаа дека моментално се најдобриот тим во Европа. Тоа го потврдува и нивната прва позиција во Лигата на шампионите каде имаат шест победи.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Но, и покрај неочекувано добрите резултати, медиумите повеќе внимание посветуваат на иднината на тројцата клучни играчи: Вирџил ван Дајк, Мохамед Салах и Трент Александар-Арнолд. Тие остануваат без договор на крајот од актуелната сезона.
Ако е извесно дека Ван Дајк ќе потпише нова соработка, преостанатите двајца сè уште не постигнале договори со раководителите на клубот и секој ден пристигнуваат нови информации за нивниот статус.
Како што јавува Фабрицио Романо, Ливерпул конечно понуди нов договор на Мохамед Салах, но соработката уште не е блиску до реализација.
„Далеку сме од тоа. Не сакам да ги пренесувам работите во медиумите и луѓето да зборуваат за тоа. Ништо не се променило во врска со договорот досега“, изјави Салах по вчерашниот меч.
Кога станува збор за Трент, водечките шпански медиуми истакнуваат дека тој е подготвен за премин во Реал Мадрид и приказната е практично завршена. Десниот бек вчера исто така успеа да се запише во листата на стрелците, а голот го прослави така што со својата рака гестикулираше како да зборува, што имплицира шпекулации.
„Мислам дека прославата на Трент доволно зборува“, рече Арне Слот.