Дома Фудбал Завршен е најскапиот трансфер во женскиот фудбал, еве која цифра е во прашање

Завршен е најскапиот трансфер во женскиот фудбал, еве која цифра е во прашање

Американската фудбалерка Наоми Гирма наскоро ќе влезе во историјата како најскап трансфер во историјата на женскиот фудбал.

Гирма ќе стане првата жена која ќе добие трансфер за повеќе од еден милион евра откако Челзи постигна договор со Сан Диего Вејв.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Гирма кариерата ја продолжува во силната англиска лига, преминувајќи од САД во Лондон, а претходниот рекорден трансфер го држеше Рачеал Кунданањи. Нејзиниот трансфер од Мадрид ЦФФ во фудбалскиот клуб Беј вредеше 805 илјади евра.

Женскиот фудбал расте, но веројатно никогаш нема да ги достигне цените на машкиот со оглед на тоа што рекордот во машкиот фудбал го држи Нејмар кој од Барселона се пресели во ПСЖ за огромни 222 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го зема англиското „чудо од дете“ пред носот на Германците

Барселона продолжува со политиката на доведување на најголемите млади таленти во европскио…