
Руско-канадскиот боксер Артур Бетербиев порача дека ќе се натпреварува се додека неговата мајка му дозволува.
Иако Артур Бетербиев има 40 години, тој сè уште важи за застрашувачки боксер, бидејќи во кариерата има 21 професионална борба и 21 победа, од кои 20 со нокаут.
Никогаш не бил поразен, а неодамна во мечот кој беше следен насекаде во светот, го совлада Дмитриј Бивол. Тоа е единствената победа во неговата кариера која заврши со одлука на судиите, а не со прекин.
СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
По таа победа над Бивол, прочуениот претседател на Чеченија, Рамзан Кадиров, го одликува Бетербиев и го нарече почесен граѓанин, бидејќи Артур е роден таму, а одамна живее во Канада и има канадско државјанство.
Интересно е што Артур ќе ја почитува волјата на неговата мајка. На прашањето дали ќе се бори сè додека таа не каже поинаку, тој изјави.
„Да, така е, но мислам дека мојата мајка никогаш нема да каже такво нешто. Таа ми ја дава таа сила, се грижи за мене и ми е потпора. Ми го даде својот благослов. Не планирам да се повлечам од боксот во моментов. Сè оди добро и се чувствувам добро, па сакам да продолжам“, рече руско-канадскиот боксер.