Дома Фудбал Заработува 70.000 фунти неделно, но се плашеше да ги троши, а сега откри и зошто!

Заработува 70.000 фунти неделно, но се плашеше да ги троши, а сега откри и зошто!

Одбранбениот играч на Ливерпул и цел на Реал Мадрид откри дека на почетокот од својата кариера бил премногу исплашен да го троши својот новац. Неговиот договор со Ливерпул истекува на крајот од оваа сезона, а Шпанците внимателно ја следат ситуацијата.

Францускиот дефанзивец Ибрахима Конате призна дека во раните денови на професионалната кариера бил “премногу исплашен” да го троши својот новац.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Неговата приказна доаѓа во момент кога Реал Мадрид покажува интерес за него, а неговиот договор со Ливерпул истекува на крајот од тековната сезона.

Шпанскиот гигант го гледа во Конате потенцијално засилување, нудејќи две познати предности: можност за освојување на трофеи и плата која може да парира на британските клубови.

Сепак, Конате во разговор со медиумите откри дека луксузот никогаш не му бил приоритет.

“Играч сум каков што сум денес благодарение на секој од моите браќа”, рече тој.

“Од моите први чекори во Париз пред дваесет години до Ливерпул, секогаш ми биле огромна поддршка.”

“Воопшто не трошев пари на хедонизам и лични задоволства. Нема нов автомобил, нема облека, нема чевли. Ништо. Бев премногу исплашен дека ќе ми кажат дека сум се променил.”

Додаде дека семејството е тоа кое го чува од негативните влијанија на славата.

“Не знаеш колку на фудбалерите семејството им значи. Многу луѓе, добронамерни или не, кружат околу нас. Деведесет и пет проценти од нив доаѓаат бидејќи сум Конате, фудбалер, а не Ибрахима, човек.”

“Сакаат да ја искористат мојата слава, но всушност, не им е грижа за мене… Штом некој сака да ми се приближи, моите браќа веднаш ги филтрираат.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зидан го најави својот голем кам-бек на тренерската сцена и го откри својот нов тим

Легендарниот Зинедин Зидан повеќе од четири години не водеше ниту една екипа, но сега Фран…