
Се ближи летото и се повеќе се шпекулира околу можните трансфери, па нема сомнеж дека и во 2025 година нè очекува возбудлив летен трансфер период низ Стариот континент.
Интересни шпекулации доаѓаат од португалските медиуми средината на оваа седмица.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Искусниот 31-годишен португалски репрезентативец Нелсон Семедо, би можел да се врати во Бенфика.
Семедо моментално е капитен на Волверхемптон, со кој има договор до летото 2025 година, а во Лисабон би се вратил како слободен играч.
Пред осум години Семедо од Бенфика премина во Барселона во трансфер вреден 35 милиони евра, но не ги оправда очекувањата во Барселона.
Во летото 2020 година, англискиот Волверхемптон го купи за 32 милиони евра и стана сериозен мотор на овој англиски тим.
Со одличните партии во меѓувреме, ја доби и капитенската лента.
Сепак, Семедо сега е блиску до враќање во клубот што го лансираше на сениорската сцена.
Во Бенфика дојде како 19-годишник од нисколигашот Синтренсе, а играл и една сезона на позајмица во нисколигашот Фатима.
Португалските медиуми наведуваат дека Бенфика е подготвена да му понуди на својот поранешен играч договор на две години со можност за продолжување.