Дома Фудбал Заниоло се огласи по скандалозните обвинувања: Бев само до тоалет…

Заниоло се огласи по скандалозните обвинувања: Бев само до тоалет…

Тешки обвиненија пристигнаа од Рим – италијанскиот фудбалски клуб АС Рома во вторникот издаде соопштение со кое го обвини својот поранешен играч Николо Заниоло за непримерно однесување и физички напад врз двајца членови на младинската селекција на клубот.

Според наводите, инцидентот се случил по натпреварот на “Примавера” помеѓу Рома и Фиорентина (2:1), кога Заниоло, присутен на стадионот, навлегол во соблекувалната на Рома и според извештаите на клубот, направил следното:

  • Очигледно бил во алкохолизирана состојба
  • Уринирал во просториите на соблекувалната
  • Без збор удрил по Матија Алмавива
  • Грубо го турнал Марко Лити

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Клубот ги изнесе овие обвиненија јавно и најави дека ќе бара интервенција од надлежните институции, вклучително и Италијанскиот фудбалски сојуз.

Заниоло, сега фудбалер на Фиорентина на позајмица, веднаш ги отфрли овие тврдења, изјавувајќи за Corriere dello Sport:

“Кога правев грешки, секогаш признавав. Но, овој пат не можете да ме обвините дека сум удрил некого или започнал тепачка.“

Тој признава дека дошло до вербален конфликт и дека за момент ја загубил самоконтролата, но тврди дека физички контакт немало:

“Морав да одам во тоалетот, побарав дозвола и со насмевка ми рекоа дека можам да влезам. Кога излегов, еден од нив ме испровоцира. Реагирав лошо, но не го удрив.“

Заниоло додаде дека ја разбира својата одговорност како јавна личност, но истакна јасно дека изјавите од Рома се далеку од вистината.

Фото: ACF Fiorentina/x
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал ја „краде“ големата желба на Арсенал

Реал Мадрид реши да се вклучи во трката за потписот на Мартин Зубименди, играчот од средни…